fbpx

Регионални трговски договори и СТО

Наслов на наставниот предмет

Регионални трговски договори и СТО

Код

EUS 513

Наставник

Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да ја разберат суштината на регионалните трговски договори.
  • Да ги разликуваат видовите регионални трговски договори и нивните влијанија врз меѓународните економски односи.
  • Да ја разберат надворешнотрговската политика на Европската унија и нејзините односи со СТО.
  • Да ги разликуваат позитивните и негативните аспекти на развојот на регионализмот наспроти мултилатерализмот.
  • Да можат да ги согледаат предизвиците со кои се соочува мултилатералниот трговски систем преку развојот на регионализмот.

Содржина на предметната програма: 

  1. Билатерализам vs мултилатерализам.
  2. Разгледување на членот 24 како основа за развојот на регионалните трговски договори.
  3. Причини за склучување регионални трговски договори.
  4. Ефекти од функционирањето на регионалните трговски договори.
  5. Надворешнотрговската политика на ЕУ. Односите со трети земји и односите со СТО.
  6. НАФТА и други регионални трговски договори на САД.
  7. Други позначајни регионални трговски договори и иницијативи во светот.
  8. Регионализам vs мултилатерализам.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.