fbpx

Сметководствени информациони системи и технологии

Наслов на наставниот предмет

Сметководствени информациони системи и технологии

Код

ACC 516

Наставник

Проф. д-р-Зоран Миновски

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да бидат:

  • Запознаени со фундаменталните концепти на информатиката-способни за користење на микрокомпјутерите како средство за зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето преку прибирање, обработка и користење на информациите
  • Способни за разбирање на организационата структура на сметководствените информациони системи
  • Способни за разбирање на процесот на анализа и дизајнирање на сметководствените информациони системи
  • Способни за контрола и заштита на сметководствените информациони системи и податоците

Содржина на предметната програма: 

1.Вовед во информатиката и информациските системи;

2.Претпријатието како деловен систем;

3.Информациски технологии и технологии на обработка на податоци;

4.Развој на системите;

5.Планирање, анализа и дизајн на системите;

6.Имплементација, операционализација, контрола и ревизија на сметководствените информациски системи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.