fbpx

Современи тенденции во светското стопанство

Наслов на наставниот предмет

Современи тенденции во светското стопанство

Код

EUS 511

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска

 

Цели на предметната програма (компетенции):

 

По завршување на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да го разберат функционирањето на светската економија;
  • Да ги разберат поврзаноста и зависноста на меѓународната трговија, технолошките иновации и деловните стратегии на мултинационалните корпорации;
  • Да ги разберат позитивните и негативните аспекти на процесот на глобализација.

Содржина на предметната програма: 

Светски пазар – современи погледи, Односите на силите во светската економија, Полжба на земјите во развој и на земјите во транзиција, Светска економска меѓузависност – глобален тренд, Глобализација – карактериситики, причини и последици, Колку ја засегнува глобализацијата националната автономиа? Дали глобализацијата ја засилува нееднаквоста? Води ли глобализацијата кон конвергенција или кон дивергнеција? Регионализмот наспроти глобализацијата, Стар и нов регионализам – теоретски основи и перспективите на регионализмот, ЕУ и глобализацијата, Индивидуалитетот и конкурентноста на економиите наспроти економската интеграција.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.