fbpx

Статистичка Контрола на Квалитет

Наслов на наставниот предмет

СТАТИСТИЧКА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Код

 STM 516

Наставник

Проф. д-р Весна Буцевска

Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно совладување на наставата по овој предмет, студентите ќе можат:

1. да ги разберат принципите на модерните статистички методи на контрола и унапредување на квалитетот;

2. да ги користат стандардните средства на статистичката контрола на квалитетот за анализа на податоците за производите со цел да утврдат дали процесите се под контрола или не;

3. да се стекнат со знаење за современите деловни концепти како што се TQM и Six Sigma;

4. точно да опишат како методите на статистичка контрола наквалитет резултираат со подобрување на квалитетот на производите и услугите, намалување на трошоците на производство и пружање на услуги и зголемување на ефикасноста и конкурентноста на компанијата;

5. со користење на компјутери, да подготвуваат висококвалитетни графички и табеларни презентации за контрола на квалитет во форма на стандардните контролни карти на квалитет;

6. да ја разберат улогата што ја има SPC во вкупната стратегија на контрола на процесите и на компанијата.

Содржина на предметната програма: 

1.Унапредување на квалитетот во современото бизнис окружување

2.Oсновни концепти во статистиката и веројатноста

3.Методи и филозофија на статистичката контрола на процесот (SPC)

4.Контролни карти за варијабли

5.Контролни карти за атрибутивни белези

6.Специјални контролни карти

7.Способност на процесот и претходна контрола

8.Други теми во врска со контролните карти и нивните примени

9.Следење и контрола на повеќекратните процеси

10.Планови на прием на примерок.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.