Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

Статистички методи за бизнис и економија

Раководител: проф. д-р Билјана Ташевска

Секретар: проф. д-р Билјана Ташевска

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Цели на студиската програма:

  • Студентите да се здобијат со продлабочени знаења за теоретските и практичните аспекти од областа на статистиката и економетријата и нивна примена во економијата и бизнисот.
  • Студентите да се здобијат со аналитички способности и вештини за самостојно и креативно спроведување оригинални статистички и економетриски истражувања во областа на економијата и бизнисот.

Во денешното динамично општество, комплексните економски, деловни и финансиски прашања со кои се соочуваат креаторите на политиките, компаниите и инвеститорите, но и прашањата поврзани со секојдневните потреби на јавниот и бизнис секторот, наметнуваат потреба од ригорозна и напредна анализа на информации и податоци. Тие податоци претставуваат основа на носење на деловни одлуки и за утврдување на насоките и мерките на политиките. Како што се зголемува обемот на податоци кои ги генерираме и употребуваме во економијата и бизнисот, така се зголемува и глобалната побарувачка за аналитичари кои можат да применат модерни статистички методи за разбирање и толкување на тие податоци. Статистичарите и економетричарите одамна играат значајна улога во истражувањата и науката, но се поголема е побарувачката за статистичари во бизнис секторот, главно поради напливот на содавање и собирање податоци во индустриите и бидејќи бизнисите ја разбираат вредноста на одлучувањето кое базира на податоци. Така, на пример, во финансискиот сектор, банките веќе не се потпираат само на традиционални методи, туку се повеќе користат и статистички методи за предвидување; во индустријата, компаниите редовно користат дизајнирање на експерименти за тестирање на нови производи и за подобрување на контролата на квалитетот; во економијата, статистичките алатки играат клучна улога во анализа на општествената благосостојба, динамиката на пазарот на труд и вработеноста, квалитетот на живот итн.; во демографијата, статистичарите употребуваат софистицирани методи за проценување на растот на популацијата.

Ова ја потенцира потребата и важноста на студиската програма Статистички методи за бизнис и економија, како одговор на современите предизвици во водењето на економските политики и потребата од лица со продлабочено знаење и вештини за употреба на податоци и спроведување статистички анализи за нивна интерпретација. Студиската програма се фокусира на достигнувањата во теоријата, методологијата и примената на статистички и економетриски методи за анализа на економски, бизнис, финансиски (и се повеќе големи податоци – Big Data). Студентите учат како да го применат нивното знаење во реалниот свет преку анализа и критичка интерпретација на податоци, градење на статистички модели за реални ситуации и примена на најсовремени програмски алатки и софтверски пакети. Ваквите теоретско-апликативни знаења и аналитички вештини се суштински за градење на основа за носење одлуки од страна на креаторите на економските политики, како и во институциите од јавниот сектор на централно и на локално ниво, за анализа на економските движења, нивните причини и последици, за евалуација на ефикасноста на јавните политики и спроведените реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите, но исто така и во бизнис секторот за носење на информирани одлуки базирани на анализа на податоци со цел подобрување на профитабилноста и конкурентноста, како и креирање на организациски и деловни стратегии.

Студиската програма по Статистички методи за бизнис и економија е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на статистиката и економетријата. По завршувањето на студиите од втор циклус по Статистички методи за бизнис и економија, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои се доста барани на пазарот на труд и кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: макроекономска анализа, квантитативна анализа и евалуација на економските политики и програми, истражување на пазарот, финансиска анализа, контрола на квалитетот на производите, оддели за аналитика во компаниите, статистичко консултантски услуги, развој на производи (дизајнирање и спроведување на експерименти, теренско истражување итн.), итн.

Целината на знаења која ја нуди студиската програма по Статистички методи за бизнис и економија ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор и во приватниот деловен сектор. Со оглед на се поголемата потреба од кадри со знаења, способности и вештини за прибирање, анализа и толкување на голем број на податоци, студентите ќе може да дадат свој придонес во јавниот сектор: министерства (посебно за економските ресори: финансии, економија, социјална политика, екологија), централната банка (НБРСМ), Државниот завод за статистика, јавните претпријатија, регулаторни агенции, како и во бизнис секторот, почнувајќи од мали и средни компании, големи корпорации и странски застапништва, банки и други финансиски институции, осигурителни компаниии, маркетинг агенции, агенции за истражување на пазарот, во меѓународни организации, во непрофитни организации, како самостојни консултанти и сл. Со нивната стручна подготвеност за истражувања и анализи, студентите ќе бидат подготвени и за развивање на академска и научна кариера во високо-образовните и научно-истражувачките институции.

Според кадровската профилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за: самостојно и креативно спроведување оригинални статистички и економетриски истражувања на економските појави и бизнис процесите; презентирање и интерпретирање на резултатите од истражувањата; анализа на големи податоци; утврдување на најсоодветен метод и техника за истражување на одреден проблем во економијата или бизнисот; предвидувања на економските движења, анализа на демографските промени и нивните последици во разни области; употреба на квантитативни методи за подобро управување со финансиите на компаниите; утврдување на врските помеѓу економските варијабли, квантифицирање на ефектите од интервенциите на политиките, анализа на движењата на финанскиските пазари, критичко оценување на статистички техники и развивање на модификации за конкретни примени, имплементирање на статистички и економетриски техники во статистички софтвер и нивна примена на економски, финансиски и бизнис податоци, квантитативна анализа на движењата на пазарот, итн.

Цел на студиската програма од вториот циклус студии по Статистички методи за бизнис и економија е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на статистиката и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањети на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

ИНФО СМЕБЕ 2018/2019

Знаење и разбирање:

  • Унапредување на знаењето и зајакнување на аналитичките способности и обучувањето за користење на адекватни софтверски пакети со цел да бидат поефикасни во решавањето на квантитативните проблеми во економијата и бизнисот
  • За избор на најсоодвтените статистички, економетриски и други квантитативни методи при решавање на сложени проблеми од економијата и бизнисот.
  • Спроведување на анализа заснована на примена на повеќе методи и модели , толкување на резултатите од анализата и предлагање на економски и деловни одлуки.
  • Предвидувања на разни појави во економијата и бизнисот врз основа на статистички методи и модели и со користење на статистички софтвери.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Собирање на податоци и креирање на бази на податоци
  • Моделирање и примена на квантитативни и аналитички методи во економијата;
  • Примена на економетриски компјутерски пакети за обработка на податоци;
  • Носење на статистички заклучоци врз основа на информации од различни видови примероци и проценка на можните грешки при заклучувањето.
  • Креирање на економетриски модели и анализа на релациите помеѓу променливите;
  • Анализа на временски серии и проектирање на нивното движење во иднина;
  • Предвидување на движењата на економските временски серии;
  • Примена на статистичките методи во контролата и континуираното унапредување на квалитетот на процесите во производниот и услужниот сектор;

Способност за проценка:

  • Развивање на способност за идентификација на поврзаности во економијата и бизнисот и нивно моделирање
  • Развивање на способност за критичка анализа
  • Практична примена на статистичката и економетриската методологија во комплексната анализа на проблемите со кои се соочуваат економијата и бизнисот
  • Способност за примена на статистичките модели во предвидување на разни појави во економијата и бизнисот;
  • Способност за примена на методите во микро и макро економската анализа.

Комуникациски вештини:

  • Способност да дискутира за примена на соодветен метод при истражување на одреден економески или бизнис проблем
  • Способност да дискутира за добиените откритија, резултати и заклучоци од истражувањата направени со примена на статитичките методи и модели
  • Способност за професионална комуникација со експерти од соодветната област и учество во научно-истражувачки проекти

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските основи преку читање, слушање и меморирање, правилно организирање и користење на времето
  • Демонстрира способност за вклучување во активно учење, способност да се служи со научно-истражувачки методи и да користи релевантна литература во своите анализи
  • Способен е да анализира конкретни студии на случај и да анализира научни трудови од соодветната област
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.