fbpx

Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Демографија

Акредитација трет циклус

Во февруари 2010 година, Универзитетот Св. Кирил и Методиј го донесе новиот Правилник за докторски студии, според кој тие се организирани како тригодишни студии (шест семестри) и носат 180 кредити. 

Притоа, во првите два семестра се изучуваат општи и посебни предмети, третиот семестар е наменет за подготовка на тезите за докторската дисертација, додека последните три сместри се наменети за изработка и одбрана на докторската дисератција.
На 28.02.2012 г. Одборот за акредитација донесе Решение за акредитација на Елаборат за организирање на трет циклус – докторски студии по:  

– Економски науки
– Организациски науки и управување (менаџмент)
– Статистички методи за бизнис и економија

– Демографија

Прегледот на структурата на студиската програма може да се преземе  (во изработка).

По јавната одбрана на докторскиот труд, студентите се здобиваат со звањето ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ (Ph.D.).

►  Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии

Сите уплати поврзани со докторските студии по СТАРА ПРОГРАМА треба да се направат на следната сметка:

Примач: Економски факултет – Скопје
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник: 1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма: 723011 – 41
Цел на дознака: Уплата за одбрана на докторски труд по стара програма

 

КОНКУРС  за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2014/2015 година

Дополнителни информации за конкурсот

 

ОГЛАС ЗА СМЕСТУВАЊЕ ДОКТОРАНТИ

 

Останати информации

Повеќе информации за докторските студии можете да добиете кај Кристина Савеска, референт за трет циклус на студии.
телефон: 02 3286 926     02 3286 829
email: kristina.saveska@eccf.ukim.edu.mk        


 

Одбрани на докторски дисертации

          1.  М-р Огнен Фирфов

     тема: „Влијанието на користењето на интернетот врз продуктивноста на претпријатијата во Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Љубомир Дракулевски
     одбрана:  12.04.2019 година во 1330 часот, Економски факултет – Скопје

           2.  М-р Благој Серсемов

     тема: „Нетрговски бариери во мултиратералниот трговски систем”
     Ментор: Проф.д-р Ирена Кикеркова
     одбрана:  11.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

           3.  М-р Марија Пендевска

     тема: „Влијанието на менаџментот на знаење врз развојот на иновативноста на претпријатијата во Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Благоја Ѓорѓијовски
     одбрана:  13.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

           4.  М-р Емилија Стојанова Ивановска

     тема: „Управување со кредитниот ризик согласно Капиталната Спогодба Базел II – економетриски пристап ”
     Ментор: Проф.д-р Весна Буцевска
     одбрана:  24.06.2019 година во 1000 часот, Економски факултет – Скопје

           5.  М-р Катерина Бошевска

     тема: „Економските ефекти од легалните и нелегалните начини за избегнување на оданочувањето
     Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски
     одбрана:  25.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

6.  М-р Александар Николовски

    тема: „Влијанието на фискалната политика врз економскиот раст и развој – осврт на случајот на Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Пеце Недановски
     одбрана:  18.09.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

7.М-р Александра Наќева Ружин

    тема: „Финансиските конгломерати и потребата од интегрирана супервизорска рамка во Република Македонија” 

     Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски

     одбрана: 03.01.2020 година во 1100 часот, Економски факултет – Скопје

8. М-р Томислав Шалваринов

   тема: „Маркетинг микс-концептот во нафтената индустрија и истражување на побарувачката од нафта како главен енергенс во индустријата и нејзините деривати”

   Ментор: Проф.д-р Снежана Р.Јовановска

   одбрана: 13.01.2020 година во 0700  часот,  Економски факултет – Скопје

  


70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.