Александар Паришев дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на департман Надворешна трговија во 2015 година. По дипломирањето работел како агент за меѓународен транспорт, а од 2017 до 2019 година во НЛБ Банка АД Скопје, во Сектор за работа со готовина и депо, како и во Сектор логистика на банката (Служба за инвестиции набавки и општи работи). Ангажиран е како демонстратор на катедра по надворешна трговија од 2018-та година.