Банкарски менаџмент
Наслов на наставниот предмет | Банкарски менаџмент |
Код | Fin 410 |
Наставник | Проф. д-р Елена Наумовска |
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметната програма по Банкарски менаџмент е на студентот да му се испорача знаење од областа на банкарскиот менаџмент и посебни вештини за спроведување на тоа знаење во практика. За да се постигнат овие цели, програмата за учење поминува низ теоретските аспекти на банкарскиот менаџмент, а потоа, се фокусира на нејзиното практично спроведување. Со учење на основите од оваа програма, студентите можат: • Да научат за дефинирањето на основните поими, значењата и содржините на банкарскиот манаџмент; • Да ги анализираат банкарските перформанси, преку анализа на финансиските извештаи на банката (биланс на состојба, биланс на успех). • Да извршуваат кредитни, депозитни и вонбилансни активности на банката (кредитни процедури, инвестиции во акции, мобилизација на депозити, итн.). • Да ги совладаат основните алатки за кредитна анализа; • Да употребуваат современи методи и техники во банкарскиот менаџмент (методи за вреднување на кредити и депозити, методи за управување со ликвидност, инвестициски стратегии во хартии од вредност) • Да се стекнат со знаење за најважните банкарски ризици. • Да се запознаат со принципите на меѓународната регулатива во однос на адекватност на капиталот. | |
Содржина на предметната програма: Оваа предметна програма е насочена кон основните аспекти на управување на комерцијалните банки. Прво, се разработуваат основните компоненти за дизајнирање и спроведување стратегии за развој на банките. Потоа, се воведува нов пристап за управување со банките, а тоа е управување со ликвидноста. Потоа се разработуваат некои методи за анализа и проценка на финансиските перформанси на банките: ликвидност, солвентност и профитабилност. Посебно внимание се посветува на важните ризици од управувањето со банката и нивното мерење: кредитен ризик, каматен ризик, валутен ризик, пазарен ризик и ризик од вонбиласни позиции. Поконкретно оваа предметна програма се фокусира кон: финансиски извештаи, модели на оценување на резултатите од работењето, основни видови ризици и мерење на ризиците, кредитен процес и кредитна политика, кредитна анализа, видови кредити, управување со ликвидноста, инвестирање во хартии од вредност, извори на средствата, управување со средствата и обврските, капитал и регулација на капиталот, вонбилансни активности и финансиски услуги и меѓународно банкарство. |