Банкарство

Банкарство

Наслов на наставниот предмет

Банкарство

Код

FIN 320

Наставник

Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков

Цели на предметната програма (компетенции):

По  изучувањето  на  овој  предмет,  студентите  треба  да  располагаат  со  следните области на знаења:

·       Развој  на  способности за креативно и аналитичко размислување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на деловната политика во банкитe

·       Совладување на основните поими од банкарството,

·       Запознавање со современите достигнувања од банкарската теорија,

·       Разбирање на практичните аспекти на работењето на банките,

·       Запознавање со банкарскиот систем на Македонија

Содржина на предметната програма:

Основната цел на предметот банкарство е да им обезбеди на студентите продлабочени знаења за институционалната поставеност и функционирањето на банкарскиот сектор. Во тие рамки, студентите треба да се стекнат со знаења за улогата и задачите кои ги вршат централната банка, карактеристиките на банкарските системи во развиените земји, земјите во развој и транзиционите економии, развојот на банкарскиот систем во Македонија итн. Посебно место се посветува на изучување на начинот на функционирање на комерцијалните банки со фокусирање врз сите видови банкарски работи, како што се: активните банкарски работи, пасивните банкарски работи, неутралните бан карски работи и сопствените банкарски

работи.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.