Државна регулација на бизнисот

Државна регулација на бизнисот

Наслов на наставниот предмет

Државна регулација на бизнисот

Код

ECN 410

Наставник

Проф. д-р Трајко Славески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • За разбирање на функционирањето на пазарот и пазарните структури стекнати со изучување на микроекономијата;
  • За логиката за интервенција на државата во областа на унапредување на конкуренцијата како основа за ефикасно функционирање на пазарот. Преку компаративен пристап, при што особено акцентот е ставен на политиката на Европската унија во овој домен, се стекнува претстава за правилата на однесување на претпријатијата во меѓународниот бизнис;
  • Без оглед дали во иднина студентите ќе бидат ангажирани во приватниот или јавниот сектор, знаењата стекнати со изучување на овој предмет се драгоцени. Приватните претпријатија се соочени со мерките на државата за регулирање на некои состојби на пазарот. Исто така, често претпријатија ќе бидат во состојба да побараат помош од државата во спредчувањето на одреден вид недозволено однесување на нивните конкуренти кои ја нарушуваат конкуренцијата. Оние колеги кои ќе се одлучат за кариера во јавниот сектор (јавни претрпијатија, агенции и управи за регулација или унапредување на конкуренцијата, други државни или владини органи и слично) ќе бидат оспособени да дадат свој придонес, како економски аналитичари во подобрувањето на функционирањето на пазарниот механизам.

Содржина на предметната програма:

Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да навлезат во областа на индустриската организација, политиката за унапредување на конкуренцијата и регулацијата. Индустриската организација ги изучува различните економски фактори што влијаат врз структурата на пазарот (бројот и големината на претпријатијата) и однесувањето на претпријатијата (конкурентски стратегии). Оттаму, прашањата сврзани со влезот во одредена дејност, политиката на утврдување на цените и стратегијата со производите, технологијата и пазарната побарувачка влијаат врз бројот и големината на претпријатијата во даден момент на рамнотежа на пазарот. Стратешките интеракции на рамнотежа, квалитет на производите и рекламирање. Во дејностите во кои што постојат услови за конкуренција, но од различни причини таа е попречена или пригушена (злоупотреба на монополска положба, вертикални ограничувања на пазарот, тајно договарање и друго) државата спроведува мерки за зголемување на степенот на конкуренција. Регулацијата се спроведува во дејности во кои се цени дека не постојат услови за конкуренција или пак конкуренцијата, од општествена гледна точка непрактична (на пр., природен монопол). Покрај економскиот пристап, во изучувањето на регулацијата се користи и пристапот од аспект на политичката економија, при што фокусот на вниманието се концентрира врз некои феномени од функционирањето на институциите и државните агенции.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.