Европски економски интеграции

Европски економски интеграции

Наслов на наставниот предмет

Европски економски интеграции

Код

 INT 310

Наставник

Доц. д-р Eлена Макревска Дисоска

Цели на предметната програма (компетенции):

 

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да

бидат способни:

  • Да  ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на разните форми на економска интеграција;
  • Да  ги разликуваат и согледуваат предностите, како и слабостите на овие интеграции;
  • Да  владеат со аналитичката апаратура за давање суд за способноста и подготвеноста на одредена земја-кандидат за пристапување во ЕУ;
  • Да ги мерат предностите и недостатоците од пристапувањето во ЕУ на даден степен од развојот на економијата.

Содржина на предметната програма: 

Предметот треба да даде основа за познавање на процесот на интегрирање од единствен европски пазар кон економска и монетарна унија што ја чини окосницата на функционирањето на ЕУ. Предметот го објаснува развојот на ЕУ и предизвиците со кои е соочена. Се проучуваат интерните и екстерните политики на ЕУ. Интерните се разгледуваат како хоризонтални (регионален развој, социјална политика, даночна политика, политика на конкуренција) и секторски (индустриска, енергетска, транспортна, земјоделска). ЕУ како значаен фактор во економските и бизнис активности во Европа гради соодветна екстерна политика при што односите со Југоисточноевропските земји се главен предизвик за Република Македонија како кандидат за приклучување кон ЕУ. Во екстерната политика значаен комплекс претставува надворешнотрговската политика, каде што се рагледуваат трговските односите со земјите во развој, пазарните економии и односите со најголеми трговски парнери на ЕУ- САД и Кина.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.