Единствен пазар на ЕУ
Наслов на наставниот предмет | Единствен пазар на ЕУ |
Код | INT 320 |
Наставник | Доц. д-р.Eлена Макревска Дисоска |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
| |
Содржина на предметната програма: Предметот има за задача јасно да го разграничи функционирањето на Заедничката надворешнотрговска политика на ЕУ како стожер на царинската унија од четирите економски слободи: Слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила во рамките на Единствениот пазар на ЕУ. Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива која проникнала врз основа на решените случаи од практиката на Европскиот суд на правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската унија. |