Економетрија

Економетрија

Наслов на наставниот предмет

 

Економетрија

 

 

 

Код

 

ECN 330

 

 

 

 

Студиска програма

 

Економија

 

 

 

 

Наставник

 

Проф.д-р Весна Буцевска

 

 

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       Да ги познаваат работите кои произлегуваат од формулирањето, оценката и користењето на економетриските модели.

·       Да конструираат податоци, формулираат економетиски модел и да ги оценат параметрите на тој модел

·       да го подложат моделот на верификација преку тестирање и да ги толкуваат резултатите во економетриска рамка

·       да го користат оценетиот модел за тестирање на економската теорија која лежи во основа на тој модел

·       да  ја  предвидуваат  идната економска  активност  врз  база на  оценетата квантитативна поврзаност

Содржина на предметната програма:

Преку наставата по предметот се врши утврдување на квантитативните зависности на променливите во дадена економска релација, испитување на валидноста на поставките на економската теорија и предвидување на движењето на економските големини врз основа на утврдените квантитативни врски. Наставата по предметот се фокусира на развивање на методи и квантитативни средства кои се потребни за правилно разбирање и користење на регресионата анализа со најмали квадрати, со оглед на тоа што таа се применува во многу предмети кои вклучуваат економско и бизнис моделирање и тестирање на хипотези. Акцентот ќе биде ставен на развој на интуитивно разбирање преку работење на примери и решавање на конкретни проблеми кои се базираат на реални податoци во компјутерска лабораторија со користење на економетрискиот програмски пакет EV iews.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.