Економија на иновации

Економија на иновации

Наслов на наставниот предмет

Економија на иновации

Код

ECN 391

Наставник

Проф. д-р. Сашо Ќосев

Цели на предметната програма (компетенции):

Дисциплината ги воведува главните теми на економијата на иновации. Целта е да обезбеди разбирање на теоретските модели на ефектите на пазарна моќ на интензитетот на иновативни активности, како и алтернативните механизми за стимулации, како што се: награди, патенти, авторски права и трговска тајна.Предметот ги опфаќа централните аспекти на економијата на иновациите на микро и макро ниво, како промени што се во суштината на процесот на економски развој. Како се иновациите и продуктивноста мерени и споредувани во фирми или на национално ниво? Како иновациите можат да бидат корисни за разбирање на разликите помеѓу секторите и земјите? Дали еволутивната економија е алтернатива на неокласичната економија, или има конвергенција помеѓу двата пристапи? На микро ниво: како иновациите влијаат на економската конкурентност и продуктивноста во фирмата? На макро ниво: односот помеѓу иновацијата и разликите во економскиот раст и развој во одделни земји / региони или сектори?

Содржина на предметната програма:

Предметот започнува со воведување на основните концепти и идеи за иновации. Следно, на процесот на иновации се вклучува и улогата на претприемачите, како и организирањето на иновации во рамките на фирмата. Темите го вклучуваат и системот за заштита на интелектуалната сопственост (IP); лиценцирање и истражување, заеднички вложувања; стратешки избори во иновацијата и конкуренцијата; вредноста на

иновациите и патентите; процесот на производи и иновации; дифузија на знаење; интеракција помеѓу иновацијата, капиталот, јавниот и приватниот сектор; ефектите на вмрежување; тековните и долгорочните проблеми и политики. Конечно, се оценува како иновацијата придонесува во создавање на економски вредности и економски раст. Академската и практична цел на овој курс е да се елаборираат вештини на студентите за да се користат теоретски алатки при формулирање и решавање економски проблеми.

Опфатени темите во предметот се:

·       Основни концепти и идеи поврзани со иновации

·       Процесот на иновации вклучувајќи ја и улогата на креативноста

·       Улогата на претприемачите и организациите за иновации

·       Кластери и мрежи

·       ширење на иновации

·       иновациите и економскиот раст

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.