Цели на предметната програма (компетенции): Предметот економија на социјалната држава е замислен да го надгради знаењето на студентите за микроекономските приниципи и да го прошири тоа знаење во контекст на анализа на социјалната држава (држава на благосостојба). По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни: - Да ги дефинираат и објаснат благосостојбата и социјалната држава;
- Да ги анализираат и да дискутираат за основните правила и проблеми во мерењето на благосостојбата, нееднаквоста на доходот и сиромаштијата;
- Да користат аргументи поврзани со ефикасноста и еднаквоста, за државна интервенција во обезбедувањето на различни социјални програми;
- Да ги утврдат и споредат основните опции за финансирање на социјалната држава;
- Да ги разберат ефектите на социјалната држава врз индивидуалното однесување и благосостојба и општествeните последици;
- Да ги споредат карактеристиките на модерните социјални држави и политиките во одредени области: здраvство, образование, социјална заштита итн.;
- Да ги разберат современите проблеми и предизвици со кои се соочуваат социјалните држави (особено проблемот со одржливоста) и начините за нивно решавање;
- Да го применат нивното знаење за евалуација на реални програми на социјалната држава и за соочување со дилемите поврзани со нивното формулирање.
|
Содржина на предметната програма: Овој предмет обезбедува економска перспектива на потребата, дизајнот и ефектите на државните програми на благосостојба, како и преглед на модерните социјални држави и идните предизвици. Основни составни делови на содржината на предметната програма се: - Дефинирање на социјалната држава (држава на благосостојба), нејзината цел и функција;
- Аргументи за државна интервенција во обезбедувањето на различни социјални програми (ефикасност наспроти еднаквост);
- Проблеми на дефинирање и мерење на благосостојбата, сиромаштијата и нееднаквоста;
- Финансирање на социјалната држава;
- Политики на благосостојба (социјално осигурување, нееднаквост, невработеност, пензии, образование, здравство);
- Социјално претприемништво;
- Големина и опфат на модерните социјални држави;
- Режими на социјалната држава;
- Политики и мерки на благосостојба во Република Македонија;
- Економски и социјални последици од социјалната држава;
- Нови трендови и идни предизвици за социјалната држава кои произлегуваат од глобализацијата и демографските трендови: прашањето на одржливоста.
|