Економија на трудот
Наслов на наставниот предмет |
Економија на трудот |
Код |
ECN 260 |
Наставник |
проф. д-р Предраг Трпески |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · усвoјат аналитичката рамка на економијата на трудот и одредниците како дисциплина, одделните пристапи и практичните економски и социјални импликации; · разберат детерминантите на понудата на труд, индивидуална, секторска и агрегатна; · разгледаат детерминантите на трудот, населението и алокацијата на времето; · совладаат концептите на инвестиции во човечки капитал; · разберат детерминантите на побарувачката за труд- кусорочна при различни пазарни структури (состојби на конкурентност); · совладаат доминантните концепти на фукнкционирањето на пазарот на труд- · конкурентни структури, врамнотежување. · разберат импликациите од синдикалното организирање врз пазарот на труд и ефикасноста; · разберат агрегатните аспекти на побарувачката, платите и инфлацијата ; · разберат принципите на регулација на пазарот на труд, државата, законодавството и регулацијата; · совладаат доминантните теоретски пристапи во објаснувањето на невработеноста. · совладаат концептуалните рамки на одделните пристапи и политики на вработеноста и политиките за решавање на проблемот на невработеноста; импликациите од одделните политики на кус и долг рок; · анализираат актуелната состојба на пазарот на рaботна сила во Република Македонија |
|
Содржина на предметната програма: Економијата на труд е подрачје што станува клучна компонента на јадрото на аналитичката економија. Ефикасноста на трудот како ресурс во поширока смисла директно ја детерминира продуктивноста и конкурентноста на одделните индустрии или на националните економии на меѓународните пазари. Од друга страна, невработеноста станува еден од централните економски и социјални проблеми на соврeмените економии. Курсот по |