Економски раст и развој
Наслов на наставниот предмет | Економски раст и развој |
Код | ECN 320 |
Наставник | проф. д-р Владимир Филиповски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · за аналитичката рамка, одделните концептуални пристапи и практичните економски и социјални импликации од процесите на економски раст и развој во националните економии, одделните региони и светот во целина; · за методолошкиот пристап и аналитичка апаратура за мерење и компарација на нивоата и динамиките на процесите на растот и нивните емпириски карактеристики; · за детерминантите на растот и развојната улога и значење на одделните фактори и ресурси; · за теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на природата и процесите на растот и развојот; · за алокацијата на ресурсите, инвестициите и растот и нивната ефикасност · за доминантните стратегиите на развојот во светот. · за поврзаноста на технолошкиот прогрес и економскиот раст од аспект на постигнување динамичка ефикасност и одржливост; · за концептуалната подлога, поврзаноста на одделните политики со економскиот раст и импликациите од нивната примена во светот (монетарна, фискална, трговска итн.) · за процесите на раст и развој во светот, растот и интеракциите на отвотрената економија со останатите (теоретските експликации на надворешната трговија, девизниот курс, рамнотежата на билансите на плаќања) ; · за анализите на меѓународното финасирање на развојот, облиците и движењата на капиталот, инвестициите, странската помош, мултинационалните фирми и процесите на глобализација. Положбата и процесите во Република Македонија. за меѓународните институционални аспекти на растот и развојот.
| |
Содржина на предметната програма: Курсот по економски развој е заснован на апликација на стандардна економска анализа. Студиите се фокусирани на изучување на теориите, моделите, политиките и меѓународните искуства во развојот. Целта е оспособување за разбирање и анализа на процесите на растот и развојот и проблемите на динамизирање и одржливост на растот како и меѓународните аспекти на развојот. Претходни барања се завршени курсеви од макро и микроекономија, математика и квантитативна анализа. Подлабоки познавања од одделни дисциплини и субдисциплини како што се применета економија, инвестиции, јавни финансии, монетарна економија, меѓународна трговија, меѓународни финансии, и др. се комплементарни и корисни за совладување на содржината на курсот.
|