Катедра за Сметководство и ревизија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
М-р Бојан Малчев е роден на 9.11.1994 година. Во 2013 година се запишал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на департманот сметководство и ревизија, а дипломирал во септември 2017 година со просечна оценка 9,61. Во јануари 2018 година се запишал на втор циклус студии на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на студиската програма Сметководство и ревизија и има магистрирано во март 2021 година со просечен успех 10.
Магистерскиот труд кој успешно го има одбрането е на тема: „Перцепцијата на домашната ревизорска професија на новиот Меѓународен кодекс на етика на МФС”. Во текот на студиите бил практикант во Комерцијална банка АД – Скопје, а непосредно по завршувањето на студиите, бил ангажиран како демонстратор на Катедрата за сметководство и ревизија во рамките на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Дополнително на овој ангажман, м-р Бојан Малчев има и други работни ангажмани поврзани со сметководството и ревизијата, како што е учество во стручно читање на преводот на материјалот по предметот Управувачко сметководство во издание на CIPFA и превод на испитни комбинации кои се користат за сертифицирање на овластени сметководители во јавен сектор.
Исто така, учествува и како набљудувач во спроведувањето на испитите кои ги организира и спроведува Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) за стекнување на звање – овластен ревизор. М-р Бојан Малчев има добиено и Признание за постигнат исклучителен успех во текот на студиите (Magna Cum Laude) и Награда за извонредни остварувања во образовниот процес и остварен успех од 10,00 во академската година 2015/2016 годна, издадени од Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Исто така, добитник е и на стипендии за остварен висок просек од Општина Македонска Каменица во периодот 2010 – 2013 и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија во периодот 2014 – 2017 година. Течно зборува англиски, а има солидни познавања и од францускиот јазик. Во однос на компјутерските вештини, ги познава и активно ги користи Microsof Office (Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Powerpoint, Microsoft Access) и IBM SPSS Program (IBM – Statistic Package for the Social Scienes).
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани