
Катедра - Економија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Кристијан Кожески е роден во Охрид во 1994 година. Средното образование го завршува во ССОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид со одличен успех. Кожески дипломира на Катедрата за Економија при Економски факултет – Скопје во 2017 година со просечна оценка 9,6/10 со што добива признание за остварен исклучително висок успех во текот на студиите (Magna cum laude). Во 2017 година, Кристијан ги започнува своите постдипломски студии на Економски факултет – Скопје на студиумот по Економски развој и меѓународни финансии, каде што во 2020 година магистрира на тема „Анализа на пазарот на трудот со посебен осврт на продуктивноста и компензацијата на трудот“ со што се стекнува со звање магистер по економски науки. Кожески, докторира со просечен успех 10,00 во 2025 година во областа на економските науки на тема на тема: „Детерминанти на пазарите на труд во земјите во развој – посебен осврт на македонскиот пазар на труд“.
Започнувајќи од 2017 година Кристијан Кожески работи како демонстратор на Економски факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при Катедрата за Економија. Во овој период, Кристијан Кожески е активно вклучен во наставниот процес, учество во научно истражувачки активности. Започнувајќи од 2021 година, м-р Кристијан Кожески работи како асистент на Економски факултет – Скопје во научната област применета економија, во рамките на Катедрата за економија. Во рамките на работните должности, м-р Кожески активно работи на подготвување и изведување на вежби, учество во наставата во присуство на наставник, прием (консултации) со студенти, учество во научно-истражувачки активности, национални и меѓународни научни проекти и низа други активности.
Кристијан Кожески има учествувано на научно истражувачки конференции, тркалезни маси и работни состаноци за потребите на научно-истражувачи и апликативни проекти во Македонија, Австрија, Албанија, Грција, Романија, Турција, Србија и Босна и Херцеговина. Како резултат на научно-истражувачките активности д-р Кристијан Кожески во периодот 2018-2025 година, како коавтор има објавено над 40 емпириски истражувања на меѓународни конференции и во списанија кои се индексирани во реномирани и меѓународно признати бази на податоци. Оттука, д-р Кристијан Кожески се јавува како ко-автор на 8 трудови објавени во базата на податоци на web of science (со impact factor,) како и 3 национални монографии објавени во ко-авторство. Дополнително, Кристијан Кожески е дел од тимот на Аналитика – институција за истражување на јавните политики и ‘тинк-тенк’ организација.
Кристијан кожески, како аналитичар, истражувач, бил член на тим кој учествувал во подготвување на неколку публикации/монографии, како и забележал учество во над 10 национални и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти под водство и финансирани од различни организации (USAID, ERASMUS+, HORIZON, Helvetas, University of Illinois Chicago and Bloomberg Initiative).
Желбата да ги адресира своите ставови и размислувања за дел од предизвиците со коишто се соочува македонската економија, се една од причините Кристијан повремено да пишува/излегува со свои анализи, интервјуа, колумни и ставови во економските и бизнис магазини и интернет портали земјата.
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани