Катедра за Економија
biljana.tashevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-881
Приемно време:
Вторник 11:00:00 – 13:00:00
Четврток 11:00:00 – 13:00:00
Билјана Ташевска е родена на 12 Септември 1983 год. во Скопје. Дипломира на Економскиот Факултет во Скопје, на отсек Финансиски Менаџмент во 2005 година со просечна оценка 9,61. Магистрирала во јули 2011 година на истиот факултет, на студиумот Управување во јавниот сектор, успешно одбранувајќи го својот магистерски труд „Буџетскиот дефицит, јавниот долг и проблемот на истиснување на приватниот сектор (crowding-out)“. Во март 2015 година успешно ја одбранила својата докторска теза „Меѓузависноста на буџетскиот дефицит, јавниот долг и фискалната одржливост“ на истиот Факултет и се стекнала со научен степен доктор на економски науки.
Во учебната 2005/2006 година е ангажирана како демонстратор по предметите Економика и Применета економијfа на Правниот Факултет во Скопје. Од јуни до декември 2006 година работи во Алфа Банка АД Скопје, во Секторот за кредитирање (Служба за кредитирање на правни лица). Во 2006 година е избрана за помлад асистент по предметот Основи на економијата на Економскиот Факултет во Скопје, а во август 2015 година е избрана во звањето доцент по економски науки, по предметот Општествено богатство и национални сметки.
На прв циклус студии ги предава предметите: Економија на социјалната држава и Национални сметки.
Главни области на нејзин научен интерес се следните: фискална политика, јавни финансии, макроекономија, социјалната држава (држава на благосостојба). Има објавено поголем број на трудови во научни списанија, монографии и зборници на меѓународни и домашни конференции, редовно учествува на симпозиуми, работилници и конференции, а учествувала и во реализација на неколку домашни и меѓународни проекти. Со цел стручно усовршување, остварила неколку студиски престои во странство (Србија, Република Чешка, Романија и Португалија).
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Економија на социјалната држава | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Национални сметки | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Трудови во списанија
Книги, монографии
Зборници од конференции
Проектни активности
Студиски престои
Секретар на меѓународното списание Journal of Contemporary Economic and Business Issues, кое го објавува Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, 2013-2017.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани