Катедра за Е-бизнис
marina.mijoskabelsoska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-909
Приемно време:
Понеделник 10:00 – 12:00
Вторник 10:00 – 12:00
Марина Мијоска Белшоска е вонреден професор на катедрата за е-бизнис, на Економскиот факултет – Скопје, Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е и коавтор на повеќе од 50 трудови презентирани на меѓународни конференции и објавени во научни списанија. Учествувала во повеќе меѓународни проекти од областа на развојот на информатичкото општество и информатичката технологија. Остварила неколку студиски престои на странски универзитети: Универзитет “La Sapienza”, Рим, Италија; Fontys University for professional education, Ајндховен, Холандија; Universite Paris 1, Pantheon-Sorbone, Institute D’Administration Des Entreprises De Paris – IAE, Париз, Франција; Универзитет во Белград, Србија; University of Iceland, Рејкјавик, Исланд и др. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат дигитална трансформација, дигитални технологии, прифаќање и дифузија на технологии, е-влада, наука за податоци, технолошки иновации и др.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети: | Насоки | Степен |
Менаџмент на бизнис процеси |
| Прв циклус на студии |
Аналитика на бизнис податоци |
| Прв циклус на студии |
Дизајнирање на бизнис процеси |
| Втор циклус на студии |
Е-Влада |
| Втор циклус на студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани