Катедра за Економија
+389 (0)2 3286
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10:00 -12:00
Вторник: 10:00 - 12:00
Маријана Цветаноска, родена на 19.06.1989 година, студирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на департманот финансиски менаџмент во периодот од 2008 до 2012 година. Веднаш по дипломирањето го продолжила своето образование на последипломските студии и во 2014 година магистрирала на департманот Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје. Во 2017 година се запишува на докторски студии на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на студиската програма Економски науки.
Во учебната 2011/2012 година е ангажирана како демонстратор на Економскиот Факултет во Скопје. После успешно реализиранaта “Програма за млади банкари” во времетраење од шест месеци, во периодот од 2012 до 2014 година работи во ПроКредит Банка АД Скопје. Во активностите на Економскиот факултет во Скопје е вклучена од декември 2014, каде од декември 2017 година е избрана за асистент докторанд на департманот Економија.
Докторската дисертација на тема ,,Улогата на човечкиот капитал во економскиот раст со посебен осврт на Република Северна Македонија” успешно ја одбранила на Економскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на 20.09.2021 година со што се стекнала со научен степен доктор на економски науки.
Има реализирано научен престој на Универзитетот во Грац, Австрија.
Досега има учествувано на неколку домашни и меѓународни собири и конференции и автор/коавтор е на повеќе стручни и научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и конференции.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Управување со ситемите | Четврти |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани