Катедра за Надворешна трговија
+389 (0)2 3286 861
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Среда: 13:00 - 15:00 ч.
Четврток: 13:00 - 15:00 ч.
Љубен Коцев е роден во Скопје. Средно образование завршил во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин “. Прв и втор циклус на студии завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Во учебната година 2016-2017 година примен е на специјализирани магистерски студии по право и бизнис на правниот факултет Bucerius Law School во Хамбург, Германија како добитник на целосна стипендија, каде магистрирал во 2017 година со специјализација во полето на Меѓународната арбитража. Моментално е студент на трет циклус на студии во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.
Работел во домашни адвокатски канцеларии, бил практикант во адвокатското друштво Hogan Lovells LLP во Минхен, СР Германија. Од декември 2017 година вработен е како асистент – докторанд на Економскиот факултет – Скопје.
Вклучен е во повеќе активности меѓу кои како најзначаен се вбројува натпреварот за меѓународна трговска арбитража во Виена (Willem C. Vis), на кој како студент има добиено индивидуални и тимски признанија. Активно е вклучен во подготовката на тимот на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје за натпреварот, и како арбитар на усните рочишта во Виена. Член е на академската мрежа на London School of Economics за ЦЕФТА регионот.
Има остварено повеќе научни престои во Германија, Австрија, Франција, Швајцарија, Кина. Автор и коавтор е на повеќе научни и стручни трудови и има учествувано на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.
Полиња на интерес: трговско право, договорено право, корпоративно право, арбитражно право, конкурентско право.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Трговско право | прв |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани