Катедра за Менаџмент
aleksandar.naumoski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-856
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 13:00 – 15:00
Вторник: 11:00 – 13:00
Среда: 09:00 – 11:00
Д-р Александар Наумоски е редовен професор и Раководител на постдипломскиот студиум по Корпоративен финансиски менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје. На додипломските студии ги предва предметите финансиски менаџмент, економија на инвестиции и менаџмент на ризик. Исто така, на постдипломскио студии ги предава предметите Корпоративна финансиска стратегија, менаџмент на корпоративни ризици и финансиски менаџмент. Докторирал во областа на корпоративните финансии при Универзитетот „Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет во 2013 година. Во 2009 година остварил студиски престој на George Washington University, School of Business – Washington DC, USA. Пред да ја започне својата академска кариера, работел во Народната банка на Република Македонија во одделите за банкарска супервизија и банкарска регулатива. Тој работи за Center of Excellence in Finance од Љубjана, Словенија како обучувач во програмите за сертификација PACT и TIAPS во Македонија во рамките на наставната програма изготвена од Chartered Institute of Public Finance and Accountancy (CIPFA) од Лондон, Велика Британија. Тој одржува предавања за финансиски менаџмент, финансиско сметководство, и сметководство и финансиско известување во јавниот сектор.
Неговиот научен интерес е фокусиран во доменот на корпоративните финансии, инвестициите, процената на премијата за ризик, менаџментот на ризици, финансискиот инженеринг, инвестициите и финансиски менаџмент.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Финансиски менаџмент | Сметководство и ревизија, Сметководство и ревизија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Менаџмент на ризик | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
МЕНАЏМЕНТ НА КОРПОРАТИВНИТЕ РИЗИЦИ | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
КОРПОРАТИВНА ФИНАНСИСКА СТРАТЕГИЈА | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
НАПРЕДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани