Катедра за Математика и Статистика
vesna.bucevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-880
Приемно време:
од до часот
од до часот
Проф. д-р Весна Буцевска е родена на 18.02.1971 год. во Скопје. На Економскиот факултет-Скопје на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ дипломирала во 1993 година. Во февруари 1995 година се вработува на Економскиот факултет-Скопје како помлад асистент на група предмети по статистика и економетрија. На постдипломските студии се запишала во октомври 1995 година на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград на насоката Статистичка анализа. Во јуни 1999 година на истиот факултет ја одбранила магистерската теза под наслов „Особини на статистичките тестови“ и се стекнала со титулата магистер по статистички науки. Во 2000 година избрана е во звањето асистент на група предмети од областа на ститистиката. Докторската дисертација на тема „Статистички концепти и техники во процесот на контрола и управување со квалитетот“ ја одбранила во јуни 2002 година на Економскиот факултет-Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на економски науки. Во звање доцент по предметот Економетрија избрана е во ноември 2002 година, а во звање вонреден професор по истиот предмет избрана е во октомври 2007 година. Во јуни 2012 година е избрана во звањето редовен професор по предметот економетрија и финансиска економетрија, а во јуни 2017 година д-р Весна Буцевска повторно е избрана во редовен професор по предметите економетрија и финансиска економетрија.
Проф. д-р Весна Буцевска денес ги предава предметите Економетрија, Финансиска економетрија и Статистичка контрола на квалитет на прв циклус студии, а на втор циклус студии предметите Теоретска економетрија, Напредна економетрија и Статитистичка контрола на квалитет. Предава и повеќе научни дисциплини на студиските програми Статистички методи за бизнис и економија и Демографија на трет циклус студии.
Во текот на своето работење реализирала повеќе студиски престои и тоа на: Институтот за статистика на Универзитетот во Минхен, Департманот по чиста математика и математичка статистика на Универзитетот во Кембриџ, Департманот за математичка статистика на Чалмерс Универзитетот во Гетеборг, Институтот за кванитативни истражувања на Универзитетот Бокони во Милано, Департманот по економија на Универзитетот Рома Тре во Рим, Италија, Департманот по статистика на Универзитетот Карлос III во Мадрид, Катедрата за статистика и економетрија на Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц, Германија, Југозападниот универзитет за финансии и економија во Ченгду, НР Кина и др. Во рамките на програмата Еразмус плус проф. д-р Весна Буцевска одржала предавања по економетрија на Економскиот факултет на Freie Universitaet во Берлин, Економскиот факултет на Универзитетот во Загреб и Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Одржала предавање и на Руската царинска академија во Москва.
Главни подрачја на нејзиниот научен интерес се економетрија, финансиска економетрија, статистика и статистичка контрола на квалитет. Во овие области досега има објавено пет позитивно рецензирани учебници, од кои еден на англиски јазик, две учебни помагала на македонски и шест учебни помагала на англиски јазик, 120 научни трудови во реномирани меѓународни научни списанија. Со свои реферати учествувала на голем број меѓународни научни собири и конференции од областа на нејзиниот интерес.
Добитник е на наградата за најдобар научник од областа на општествените науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за 2017 год.
Освен англискиот, Весна Буцевска има напредно познавање и на германскиот јазик и средно ниво на познавање на кинески јазик.
Одлично ги познава и користи компјутерските пакети: EViews, Statgraphics, SPSS, SAS и Minitab, финансиската база на податоци и софтвер Reuters EcoWin Pro Software, како и наставниот софтвер NetOp School.
Во периодот 2.9.2013-18.2.2018 проф. д-р Весна Буцевска била во два мандати Продекан за наука и меѓународна научна соработка. Таа е раководител на студиската програма „Статистички методи за бизнис и економија” на трет циклус студии, како и раководител на студиската програма „Статистички методи за бизнис и економија” на втор циклус студии. Од 2006 до 2009 год. проф. д-р Весна Буцевска успешно го координираше тригодишниот ТЕМПУС проект „Статистички методи за бизнис и економија“, во конзорциум со Универзитетот Рома Тре од Рим и Универзитетот „Карлос III“ од Мадрид.
Од април 2013 година е Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание Journal of Contemporary Economic and Business Issues во издание на Економскиот факултет-Скопе. Член е на меѓународниот уредувачки одбор на меѓународното научно списание Statistical Review во издание на Statistical Society of Serbia и Proceedings of the Faculty of Economics – Zagreb во издание на Економскиот факултет во Загреб и на списанието Croatian Review of Economics, Business and Social Statistics (CREBSS). Во периодот 2009-2012 година била Директор на Информативниот центар на Европската унија “EUi”. Проф. д-р Весна Буцевска била член на Советот за статистика на Република Македонија во два мандата (2007-2011година и 2012-2016 година) и во 2019 повторно е избрана за член на ова советодавно тело.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Економетрија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Теоретска економетрија | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
Напредна економетрија | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
Статистичка контрола на квалитет | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
Финансиска економетрија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Статистичка контрола на квалитетот | Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Статистичка контрола на квалитет | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
ФИНАНСИСКА ЕКОНОМЕТРИЈА | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани