Катедра за Финансии
goran.petreski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-878
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 13:00 – 15:00
Четврток: 13:00 – 15:00
Професорот Петревски дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1993 година. Во 1998 година, магистрирал на истиот факултет, на студиумот по монетарна економија, а докторирал во 2004 година на тема од монетарната политика.
Академската кариера ја започнал во 1995 година, кога се вработил како соработник на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Од 2003 година работи на Економскиот факултет во Скопје, најпрвин како соработник по група предмети од областа на финансиите, а потоа како наставник на додипломските и постдипломските студии. Од септември 2009 година до февруари 2011 година бил продекан за настава на Економскиот факултет – Скопје. Од 2006 година до 2013 година бил член на Советот на Народната банка на Македонија.
Неговиот научен интерес претежно е насочен кон следниве области: макроекономија, монетарна политика, банкарство, економика на девизните курсеви и фискалната политика. Професорот Петревски објавил трудови во меѓународните списанија: Empirical Economics, Economic Systems, Journal of Post Keynesian Economics, Eastern European Economics, Post-Communist Economies, Problems of Post-Communism, Empirica. Journal of European Economics, Hacienda Pública Española/Review of Public Economics, International Journal of Monetary Economics and Finance и South East Europe Review for Labour and Social Affairs. Исто така, тој објавил и две книги: Монетарна политика – теорија и искуството на Македoнија (2005) и Управување со банките (2008 и 2011). Од 2014 година, тој е редовен колумнист во списанието Економија и бизнис. Покрај работата во областа на економијата, тој пишува и белетристика и има издадено еден роман и две збирки раскази. Во слободното време, ужива во прошетките во природа и во својата музичка колекција.
Профил на RePec: https://authors.repec.org/pro/ppe795/
Профил на Scopus: http://www.scopus.com/authid/detail.url?authorId=55295868400
Профил на Google Scholar: https://scholar.google.com/citations?user=vD6ahKIAAAAJ&hl=en
Профил на SSRN: https://papers.ssrn.com/sol3/cf_dev/AbsByAuth.cfm?per_id=1579051
Профил на ResearchGate: https://www.researchgate.net/profile/Goran_Petrevski
Профил на MPRA: https://mpra.ub.uni-muenchen.de/id/user/54555
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Монетарна економија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Банкарски менаџмент | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Меѓународни финансии | Монетарна економија, финансии и банкарство | Втор циклус студии |
Управување со ризиците во финансиските институции | Монетарна економија, финансии и банкарство, Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Монетарна економија | Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Банкарски менаџмент | Сметководство и ревизија (двегодишни студии), Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Меѓународни финансии II | Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Vice-Dean for Education of the Faculty of Economics in Skopje (September 2009 – February 2011).
Member of the Council of the National Bank of Macedonia (August 2006 – April 2013).
Member of the Editorial Board of International Journal of Monetary Policy and Finance (2007 – present).
Member of the Editorial Board of International Journal of Economic Policy in Emerging Economies (2007 – present).
Member of the Committee for Operational Monetary Policy of the National Bank of Macedonia (June 2011 – April 2013)
Member of The American Economic Association (2012 – present).
Member of the Board of Directors of the Central Securities Depository (May 2016 – February 2019)
Member of the Board of Directors of Ohridska Banka (February 2019 – present).
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани