Катедра за Маркетинг
ezeni.brzovska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-834
Приемно време:
Понеделник 14:00:00 – 16:00:00
Вторник 12:00:00 – 14:00:00
Среда 14:00:00 – 16:00:00
Ежени Брзовска е Вонреден професор која предава Маркетинг предмети на додипломски и постдипломски студии.
Ежени Брзовска е родена на 20.05.1979 година во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови публикувани во национални и меѓународни списанија и зборници, учествувала во национални и меѓународни научни проекти, конференции и конгреси од областа на маркетингот и има одржано пленарно предавање на научно стручен собир. Во 2018 година е избрана за вонреден професор и во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ/Економски факултет – Скопје, д-р Ежени Брзовска изведува настава и вежби на прв циклус студии по предметите: Управување со производот, Управување со каналите и Меѓународен маркетинг, на втор циклус студии по предметите: Политика на производ и Меѓународен маркетинг, на студиската програма Маркетинг.
Дипломирала на Економскиот факултет – Скопје во 2002 година, каде била и наградена за најдобар студент на департмантот маркетинг. Докторската дисертација под наслов “Електронските медиуми на телекомуникацискиот пазар и трендот на појава на новите медиуми” ја одбранила на 12.11.2012 година на Економскиот факултет – Скопје со што се стекнала со академскиот степен – доктор на економски науки.
Во периодот од 2003 до 2009 година работи во Македонски Телеком -Скопје, во департманот за маркетинг комуникација, каде извршува работни задачи од областа на маркетингот. Таа била наградена за најдобар вработен во Македонски Телеком за годината 2007 во областа за маркетинг и продажба.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Управување со производот
| Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Управување со маркетинг каналите
| Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Меѓународен маркетинг
| Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Политика на производ
|
| Втор циклус на студии |
Меѓународен маркетинг
|
| Втор циклус на студии |
земјата: случајот на Република Македонија, Годишник на Економски факултет, стр. 53-63
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани