Катедра за Е-бизнис
lidija.pulevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-910
Приемно време:
Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска дипломирала на Економскиот факултет во Скопје во 1997 година како најдобар студент во генерацијата, магистрирала на Универзитетот во Исланд во 2000 година, а докторирала на Економскиот факултет во Скопје во 2004 година.
Вработена е на Економскиот факултет од 1998 година, каде што е избрана во звањето редовен професор во 2014 година. Избрана е за раководител на Катедрата по Е-бизнис за периодот 2019-2022 година. Главни области на истражувачки интерес ѝ се бизнис логистиката, менаџментот на синџирот на снабдување и менаџментот на односите со потрошувачите.
На прв циклус студии предава Бизнис логистика, Менаџмент на односи со потрошувачите и Менаџмент на набавки. Активно учествува и во програмата по Е-бизнис менаџмент на втор циклус студии и во програмата по Организациски науки и управување (менаџмент) на трет циклус студии.
Автор е на повеќе научни трудови објавени во меѓународни научни списанија. Посетувала курсеви и конференции и остварила студиски престои на универзитети во Англија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Холандија, Белгија, Словенија, Исланд, Шведска, Франција и Јапонија.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Менаџмент на синџирот на снабдување | Е-бизнис менаџмент, Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Бизнис логистика | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Е-менаџмент на односи со потрошувачите | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис, Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) | Прв циклус студии |
Е-бизнис-дистрибутивни канали | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани