Катедра за Економија
predrag.trpeski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-858
Приемно време:
Вторник 11:00:00 – 13:00:00
Среда 11:00:00 – 13:00:00
Проф. д-р Предраг Трпески во учебната 1995/96 година се запишал на Економскиот факултет во Скопје, на департманот финансиско-сметководствен менаџмент. Дипломирал за нецели четири години, во јуни 1999 година со просечна оценка 9,42. Во јули 2000 година е избран за помлад асистент по предметот Основи на економијата на Економскиот факултет во Скопје. Во учебната 2001/2002 година се запишал на постдипломски студии од областа на Економскиот развој и меѓународните финансии на Економскиот факултет во Скопје, а во април 2005 година го одбранил магистерскиот труд под наслов Новата кејнзијанска економија, со што се стекнал со звањето магистер по економски науки. Докторската дисертација со наслов Релевантноста на новата кејнзијанска економија за пазарот на труд во Република Македонија ја одбранил во октомври 2010 година. Д-р Предраг Трпески имал објавено повеќе трудови како дома така и во странство, каде потесно поле на истражување е функционирањето на пазарот на трудот и невработеноста како макроекономски проблем par exelance. Во периодот септември 2006 до јули 2008 година д-р Предраг Трпески ја извршувал функцијата Заменик на министерот за финансии во Владата на Република Македонија и во истиот период имал извршувано повеќе општествени и јавни функции кои се поврзани со функцијата Заменик на министерот за финансии. Во периодот 2013-2017 бил член на Советот на Град Скопје. Во истиот период ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за буџет при Советот на Град Скопје. Од февруари 2015 година е продекан за настава на Економскиот факултет – Скопје.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Основи на економијата | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Управување со системи | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА ЗА БИЗНИС ЛИДЕРИ | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани