д-р Љубомир Дракулевски

Редовен професор

Катедра за Менаџмент

ljubomir.drakulevski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-844

Google Scholar
ORCID
ResearchGate

Приемно време:
Понеделник: 11:00 – 13:00
Вторник: 11:00 – 13:00

Роден е 1962 година во Скопје. Дипломира и магистрира на Економскиот факултет – Скопје. На факултетот работи од 1988 година. Во октомври 1998 година ја одбрани докторската дисертација на тема: “Лидерството – основа за ефективен стратегиски менаџмент“. Избран е за редовен професор по Стратегиски менаџмент и Меѓународен менаџмент.
Сега е ангажиран во изведување на настава и испити по предметите: Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент и Организациско однесување на редовните студии и Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент, Меѓународен бизнис и Европско бизнис окружување на последипломските студии на Економскиот факултет во Скопје.
Тој е раководител на последипломскиот студиум по МБА Менаџмент.

За Декан на Економскиот факултет е избран на 14 февруари 2011 година и дополнително уште еден мандатен период во 2015.

Во делот на научно истражувачките активности посебно е активен во делот на менаџментот и стратегискиот менаџмент, лидерството . Во повеќе наврати делувал како експерт во соодветната област , а истовремено е дел на голем број национални и меѓународни проекти.

Проф.д-р Љубомир Дракулевски е ментор на поголем број стручни трудови, дипломски работи магистерски трудови, докторски дисертации. Се јавува како автор и рецензент на публикации, учебници и трудови согласно неговата експертиза.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.

75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.