Главна цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Менаџмент во осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.
Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.
Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.
Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:
По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.
Код на предметот | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
ПРВ СЕМЕСТАР | |||||
МО502 | Осигурување: Теорија и практика | Прв | 24 | 16 | 6 |
МО503 | Економија за менаџери | Прв | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет од Економски факултет* | Прв | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет од Економски факултет* | Прв | 24 | 16 | 6 | |
96 | 64 | 24 | |||
ВТОР СЕМЕСТАР | |||||
МО501 | Осигурителен менаџмент | Втор | 24 | 16 | 6 |
МО507 | Е-бизнис модели во осигурување | Втор | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет од Економски факултет* | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Магистерски труд | 18 | ||||
72 | 48 | 36 |
Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
MO504 | Финансиска и актуарска математика | Прв | 24 | 16 | 6 |
MO505 | Статистика за бизнис во осигурување | Прв | 24 | 16 | 6 |
MO506 | Современи финансиски аспекти во осигурувањето | Прв | 24 | 16 | 6 |
MO508 | Бизнис етика во осигурување | Втор | 24 | 16 | 6 |
MO509 | Менаџмент на ризик | Прв | 24 | 16 | 6 |
MO510 | Финансиско известување и анализа во осигурителните компании | Втор | 24 | 16 | 6 |
MO511 | Бизнис аналитика во осигурување | Прв | 24 | 16 | 6 |
MGT511 | Стратегиски менаџмент | Втор | 24 | 16 | 6 |
Линк до Менаџмент во осигурување – студиска програма 2017/2018
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани