Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: · Подготвуваат менаџерски одлуки за моментот, природата и длабочината на потребата од промени во организацијата; · Ги препознаат и управуваат со поттикнувачите кон и спротивставувачите на промени те на индивидуално, групно/тимско и организациско ниво; · Развијат менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените; · Ги разберат основните разлики помеѓу еволутивните и револутивните пристапи на управување со организациските промени; · Ја осознаваат различната употреба на стратегиите и тактиките за управување со промените, според фазата на животниот циклус и односот со екстерното окружувањ е; · Ја совладаат употребата на информационите технологии и општествената одговорност во уп равувањето со промените; · Ја согледаат меѓусебната поврзаност и взаемна условеност на управувањето со промените и организацискиот развој |