Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметната програма Меѓународен менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на меѓународниот менаџмент и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на меѓународниот менаџмент, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат: - Да се дискутира за проблемите кои се јавуваат со ширењето и меѓусебното поврзување на светските пазари;
- Да се согледаат специфичностите на деловните функции во меѓународниот бизнис; Да се согледаат стратегиските аспекти на меѓународниот менаџмент;
- Да се согледа комплексноста на управувањето со меѓународниот бизнис.
|