Мултилатерална трговска регулатива

Наслов на наставниот предмет

Мултилатерална трговска регулатива

Код

 INT 420

Наставник

Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да  го  разберат значењето на регулативата во меѓународната трговија, со посебен акцент на Виенската конвенција за меѓународна продажба на стоки;
  • Да се согледа компатибилноста на домашното трговско право со меѓународното трговско право;
  • Да ги согледаат можните спорови и несогласувања кога земјите-членки применуваат регулатива што не е во согласност со правилата и процедурите на Светската трговска организација.

Содржина на предметната програма: 

Видови извори на правото на меѓународната трговија. Регулирање на меѓународната трговија со стоки. Виенска конвенција за меѓународна продажба на стоки. Договор за продажба. Студија на случај. СТО – мешан систем. Царини, квоти и други бариери за пристап кон пазарот. Субвенции и компензаторни давачки. Антидампинг. Заштитни мерки. Технички бариери на трговијата. Санитарни и фитосанитарни мерки. Земјоделство. Трговија со услуги. Интелектуална сопственост. Регионализам. Решавање трговски спорови.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.