Аграрна политика

Наслов на наставниот предмет

Аграрна политика

Код

ECN 360

Студиска програма

Економија

Наставник

Проф.д-р Сашо Ќосев

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да ги

знаат:

·       Основните карактеристики и тенденции на аграрниот развој;

·       Мерките на аграрната политика и нивно реализирање;

·       Развојната политика на аграрот во функција на економскиот развој;

·       Местото и улогата на земјоделството во националната економија што зависи во најголем дел од правилно утврдената развојна и аграрна политика;

·       Проблемите во земјоделството и начините на нивно решавање

Содржина на предметната програма:

Изучувањето на предметот Аграрна политика има за цел да им помогне на студентите во осознавање на основните прашања на аграрната политика како дел на економската политика на секоја национална економија. Знаењето на аграрната политика е од особена важност за целокупниот економски и општествен развој пред се поради важноста на земјоделството во производството на храна и како суровинска основа за повеќе видови производни дејности. Во функција на адекватно разбирање и совладување на основните карактеристики на развојот на земјоделството преку соодветно утврдена развојна и аграрна политика.

Основни  составни делови  на содржината на предметната програма се:

·       Теоретско-методолошки пристап кон зeмјоделството

·       Специфичности на земјоделството и основни економски концепти

·       Аграрна политика

·       Либерализација на трговијата со земјоделски производи

·       Аграрна политика на ЕУ и САД

·       Рурален развој

·       Анализа на аграрната политика

·       Аграрна политика на Република Македонија

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.