Наслов на наставниот предмет | Европски економски интеграции |
Код | INT 310 |
Наставник | Доц. д-р Eлена Макревска Дисоска |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
| |
Содржина на предметната програма: Предметот треба да даде основа за познавање на процесот на интегрирање од единствен европски пазар кон економска и монетарна унија што ја чини окосницата на функционирањето на ЕУ. Предметот го објаснува развојот на ЕУ и предизвиците со кои е соочена. Се проучуваат интерните и екстерните политики на ЕУ. Интерните се разгледуваат како хоризонтални (регионален развој, социјална политика, даночна политика, политика на конкуренција) и секторски (индустриска, енергетска, транспортна, земјоделска). ЕУ како значаен фактор во економските и бизнис активности во Европа гради соодветна екстерна политика при што односите со Југоисточноевропските земји се главен предизвик за Република Македонија како кандидат за приклучување кон ЕУ. Во екстерната политика значаен комплекс претставува надворешнотрговската политика, каде што се рагледуваат трговските односите со земјите во развој, пазарните економии и односите со најголеми трговски парнери на ЕУ- САД и Кина. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани