Наслов на наставниот предмет | Единствен пазар на ЕУ |
Код |
|
Наставник | Проф. д-р Елена Макревска Дисоска Проф. д-р Сашо Георгиевски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: 1. да прават јасна дистинкција на карактеристиките и на функционирањето царинската унија од оние на заедничкиот пазар на ЕУ; 2. да ја разберат неопходноста од елиминирање на сите квалитативни, квантитативни и останати мерки со еквивалентен ефект, од една страна, и меѓусебно признавање на техничките стандарди, од друга страна, со цел обезбедување на слободно движење на стоките во ЕУ; 3. да ја разберат специфичноста на сферата на услугите, можноста за примена на принципот на недискриминација и потребата од исклучоци од општи правила за зачувување на интегритетот и спецификите на услугите од јавен национален интерес со едновремено обезбедување на целосно функционирање на правилата на Внатрешниот пазар на ЕУ 4. да ја разберат потребата за усогласување на даночната и на фискалната сфера како предуслов за слободно движење на капиталот во ЕУ; 5. да прават разлика меѓу слободното движење на работната сила и слободното движење на физички лица на Внатрешниот пазар на ЕУ. | |
Содржина на предметната програма: Предметот има за задача јасно да го разграничи функционирањето на Заедничката надворешнотрговска политика на ЕУ како стожер на царинската унија од четирите економски слободи: Слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила во рамките на Внатрешниот пазар на ЕУ. Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива која проникнала врз основа на решените случаи од практиката на Европскиот суд на правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската унија. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани