Наслов на наставниот предмет |
| Економетрија |
|
|
| |
Код |
| ECN 330 |
|
|
|
|
Студиска програма |
| Економија |
|
|
|
|
Наставник |
| Проф.д-р Весна Буцевска |
|
| ||
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · Да ги познаваат работите кои произлегуваат од формулирањето, оценката и користењето на економетриските модели. · Да конструираат податоци, формулираат економетиски модел и да ги оценат параметрите на тој модел · да го подложат моделот на верификација преку тестирање и да ги толкуваат резултатите во економетриска рамка · да го користат оценетиот модел за тестирање на економската теорија која лежи во основа на тој модел · да ја предвидуваат идната економска активност врз база на оценетата квантитативна поврзаност | ||||||
Содржина на предметната програма: Преку наставата по предметот се врши утврдување на квантитативните зависности на променливите во дадена економска релација, испитување на валидноста на поставките на економската теорија и предвидување на движењето на економските големини врз основа на утврдените квантитативни врски. Наставата по предметот се фокусира на развивање на методи и квантитативни средства кои се потребни за правилно разбирање и користење на регресионата анализа со најмали квадрати, со оглед на тоа што таа се применува во многу предмети кои вклучуваат економско и бизнис моделирање и тестирање на хипотези. Акцентот ќе биде ставен на развој на интуитивно разбирање преку работење на примери и решавање на конкретни проблеми кои се базираат на реални податoци во компјутерска лабораторија со користење на економетрискиот програмски пакет EV iews. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани