Економија на социјалната држава

Наслов на наставниот предмет

Економија на социјалната држава

Код

 ECN 230

Наставник

Доц. д-р Билјана Ташевска

Цели на предметната програма (компетенции):

Предметот економија на социјалната држава е замислен да го надгради знаењето на студентите за микроекономските приниципи и да го прошири тоа знаење во контекст на анализа на социјалната држава (држава на благосостојба). По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни:

  • Да ги дефинираат и објаснат благосостојбата и социјалната држава;
  • Да ги анализираат и да дискутираат за основните правила и проблеми во мерењето на благосостојбата, нееднаквоста на доходот и сиромаштијата;
  • Да користат аргументи поврзани со ефикасноста и еднаквоста, за државна интервенција во обезбедувањето на различни социјални програми;
  • Да ги утврдат и споредат основните опции за финансирање на социјалната држава;
  • Да ги разберат ефектите на социјалната држава врз индивидуалното однесување и благосостојба и општествeните последици;
  • Да ги споредат карактеристиките на модерните социјални држави и политиките во одредени области: здраvство, образование, социјална заштита итн.;
  • Да ги разберат современите проблеми и предизвици со кои се соочуваат социјалните држави (особено проблемот со одржливоста) и начините за нивно решавање;
  • Да го применат нивното знаење за евалуација на реални програми на социјалната држава и за соочување со дилемите поврзани со нивното формулирање.

Содржина на предметната програма: 

Овој предмет обезбедува економска перспектива на потребата, дизајнот и ефектите на државните програми на благосостојба, како и преглед на модерните социјални држави и идните предизвици. Основни составни делови на содржината на предметната програма се:

  • Дефинирање на социјалната држава (држава на благосостојба), нејзината цел и функција;
  • Аргументи за државна интервенција во обезбедувањето на различни социјални програми (ефикасност наспроти еднаквост);
  • Проблеми на дефинирање и мерење на благосостојбата, сиромаштијата и нееднаквоста;
  • Финансирање на социјалната држава;
  • Политики на благосостојба (социјално осигурување, нееднаквост, невработеност, пензии, образование, здравство);
  • Социјално претприемништво;
  • Големина и опфат на модерните социјални држави;
  • Режими на социјалната држава;
  • Политики и мерки на благосостојба во Република Македонија;
  • Економски и социјални последици од социјалната држава;
  • Нови трендови и идни предизвици за социјалната држава кои произлегуваат од глобализацијата и демографските трендови: прашањето на одржливоста.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.