Наслов на наставниот предмет | Лични финансии |
Код | FIN 330 |
Наставник | Проф. д-р Кирил Јовановски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · Да се оспособат студентите за донесување правилни одлуки во однос на изборот на кариерата и потенцијалот за идна заработувачка; · Да се оспособат за планирање и управување со личниот и семејниот буџет; · Да стекнат знаења за личните финансии, концептот на расположливиот доход и инфлацијата; · Да се оспособат за евалуција на даноците, разбирање на даночните постапки и плаќањето на даночната обврска; · Да можат да донесуваат правилни одлуки во однос на изборот помеѓу потрошувачката и штедењето; · Да ја разберат потребата од штедење и да можат да ги евалуираат различните форми на штедење; · Да стекнат знаења за финансиските ризици и да можат да ги евалуираат различните видови финансиски инвестиции; · Да можат да го пресметаат трошокот од задолжувањето и да се оспособат за управување со личниот долг; итн. | |
Содржина на предметната програма: Предметот Лични финансии ќе ги запознае студентите со значењето на финансиското планирање и управувањето со личниот и семејниот финансиски буџет и ќе ги научи како по завршувањето на студиите да си обезбедат финансиска сигурност за себе и за своето семејството. Студентите по овој предмет ќе изучуваат реални теми кои ќе ги засегаат во иднина, како што се: изборот на кариера и потенцијалот за заработување, планирањето на домашниот буџет и управувањето со личните финансии, изборот помеѓу потрошувачката и штедењето, различните форми на инвестирање и задолжување, личен финансиски менаџмет, биехјвиористичи пристап во лините финансии, и сл. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани