Локални финансии

Наслов на наставниот предмет

Локални финансии

Код

 FIN 430

Наставник

Сузана Макрешанска Младеновска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да:

  • ги разликуваат локалните од националните јавни добра и услуги;
  • пресметуваат оптимална локална понуда на добра и услуги;
  • разберат како се определува цената на локалните добра и услуги;
  • ги објаснат целите на фискалната децентрализација и нејзините придобивки;
  • ја идентификуваат улогата на локалните власти во економијата;
  • ги евалуираат алтернативните начини на финансирање на локалните власти;
  • ги анализираат ефектите од дотациите и фискалната еквилизација;
  • дискутираат на теми поврзани со децентрализацијата во Р. Македонија;
  • ги анализираат буџетите на единиците на локалната самоуправа во Р. Македонија.

Содржина на предметната програма: 

  • Државата и пазарните неуспеси: екстерналии, јавни добра, природни монополи
  • Побарувачка и понудата на локални јавни добра и услуги
  • Определување на цената на локалните јавни добра: кориснички надоместоци
  • Локални аспекти на даноците на имот и даночна капитализација
  • Фискална децентрализацијата: мерење и ефекти
  • Распределба на функциите на државата и улогата на локалните власти
  • Распределба на приходни извори помеѓу централната и локалните власти
  • Фискална еквилизација и дотации
  • Локалните власти во Р. Македонија
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.