Наслов на наставниот предмет | Макроекономија |
Код | ECN 210 |
Наставник | Проф. д-р Трајко Славески |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
| |
Содржина на предметната програма: Макроекономијата се занимава со изучување на агрегатните економски варијабли, односно функционирањето на економијата како целина. Таа оперира со следниве концепти: агрегатно производство (аутпут) на стоки и услуги, стапки на инфлација и невработеност, платен биланс и девизни курсеви. Макроекономијата подеднакво го изучува долгорочниот економски растеж и краткорочните економски флуктуации кои го чинат деловниот циклус. Макроекономијата се фокусира врз економското однесување и политики кои влијаат врз потрошувачката и инвестициите, вредноста на националната валута и трговскиот биланс, детерминантите на промените во платите и цените, монетарната и фискалната политика, понудата на пари, државниот буџет, каматните стапки и националниот долг. Накратко, макроекономијата ги изучува најсуштествените економски прашања и проблеми од секојдневниот живот. |
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани