Наслов на наставниот предмет | Математика за економисти |
Код | MST 110 |
Наставник | Проф.д-рИгор Ивановски; Проф. д-р Виолета Цветкоска |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на основните и напредните математички постапки и методи при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика. · да развијат квантитативно аналитичка способност, за понатамошно учество во практични истражувања, од аспект на квантитативното изразување на појавите и проблемите од економската теорија и пракса · да бидaт способни за ефективно совладување и развивање на наставната програма во следните предмети, пред се во делот на апликативната економија и квантитативните процеси на макро и микро ниво да се стекнaт со конкретна и апликативна способностзадлабинско и · холистичкоквантитативноанализирање и изградба на логички инструментариум за решавање на сложените проблеми. · да се стекнат со знаења за континуиран систем за емпириска интерпретација на економските податоци и резултати | |
Содржина на предметната програма: Предметотовозможуваосознавањенаосновните теоретски и апликативните знаења и концепти за низите и редовитеконцептот на гранична вредност, основите на комбинаториката, биномни и триномни серии, изучување на апликацијата на класичната и статистичката веројатност, елементите на линеарната алгебра и векторската анализа, интегрираните аспекти на калкулусот во делот на анализата на мултиваријабилните функции преку изучување на дериватите и неопределените и определените интеграли и апликацијата на развивањето на Маклореновиот и Тејлоровиот ред, како и воведните знаења за емпириско дефинираните функции (со линеарна, логаритамска, експоненцијална, параболична и хиперболична зависност), апликацијата на концептот на простото вкаматување во економијата и особено на имплементацијата на сложеното дискретно(декурзивно и антиципативно) и континуелното вкаматување во долгорочните финансиски операции, преку изучување на концептот на идна и дисконтирана вредност, периодичните вложувања и периодични ренти и моделите на кредити, со различните комбинации на декурзивно и антиципативно вкаматување и еднакви и заокружени ануитети. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани