Наслов на наставниот предмет | Менаџмент во осигурување |
Код | MST 310 |
Наставник | Доц. д-р Игор Ивановски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат спо завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Ги осознаат теоретските и апликативни аспекти на механизмот на осигурувањето, потребата од осигурување, елементите, функциите и видовите наосигурување. · Ги изучуваат клучните карактеристики на осигурувањето како сегмент на финансискиот систем, и се способни за апликација на знаењата во осигурителната индустрија. · Ги запознаат базичните аспекти на техничките основи на неживотното, животнот оосигурување, реосигурувањето и капитално финансираното пензиско осигурување · Стекнат интегрирана претстава и конкретни знаења за системот на пензиско и здравствено осигурување, и развојот и перспективите на реформите на пензиските системи · Стекнат знаења за специфичните елементи и предизвици на менаџментот во осигурувањето, од аспект на квантификација и трансфер на ризикот, инвестицискиот менаџмент, бизнис етиката, анализа на финансиските извештаи, исполнување на стандардите на регулацијата и супервизијата | |
Содржина на предметната програма: Разбирањето на базичната содржина и логиката на осигурителните механизам за идентификација, превземање и трансфер на ризикот е содржан преку осознавање на елементите, функциите и видовите на осигурувањето, пред се преку анализа на ризикот и управување со ризикот, премијата и обештетувањето, како и преку системска анализа на пазарот на осигурувањето, неговата структура и институции, и поврзаноста во рамките на финансискиот систем и ќе стекнат стекнат сознанија за функциите на осигурувањето на макро и микро ниво. Студентите ќе добијат знаења и за концептот на реосигурување и ре-трансферот на ризикот преку пазарите на капитал. Кандидатите ќе се запознаат посебно со техничките и економски основи на неживотното и животното осигурување, како и со капитално финансираното пензиско осигурување, дополнително и со системите и актуелните и идните еволутивни фази на пензиското и здравстевното осигурување. Посебен акцент се става на знаењата поврзани со менаџерските концепти во осигурувањето, преку презентација на студии на случај и решавање на конкретни проблеми. Во таа смисла, се изучуваат основните елементи на ALM, бизнис операциите, маркетингот и каналите на продажба во осигурителната индустрија. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани