Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на набавки |
Код | EBU 350 |
Наставник | Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска |
Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметната програма Менаџмент на набавки е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот на набавки и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот на набавки, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.Позавршувањетонанаставатаиположувањетонаовојпредмет,студентитетре бадабидат способни: · да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот на набавки; · да ги применат потенцијалите на информациските технологии за поддршка на процесот на н абавките; · да го оптимизираат процесот на набавките; · да ја разберат важноста на набавките како критичен елемент на синџирот на снабдување и нивната главна улога во максимизирање на вредноста и интегрирање на активностите на синџирот на снабдување; · да применуваат квантитативни методи во процесот на набавките. | |
Содржина на предметната програма: Предметот Менаџмент на набавки се концентрира на развојот на потребните компетенции, како збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со набавките, како што се:процес на набавки; примена на ИКТ во набавките; електронски набавки; употреба на квантитативни методи во процесот на набавки; оптимизација на набавки; јавни набавки; стратегиски набавки; аутсорсинг; организација и управување со набавките; евалуација и избор на добавувачи; односи со добавувачи. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани