Менаџмент на промени

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на промени

Код

MGT 440

Наставник

Проф. д-р Леонид Наков

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

·       Подготвуваат менаџерски одлуки за моментот, природата и длабочината на потребата од промени во организацијата;

·       Ги препознаат и управуваат со поттикнувачите кон и спротивставувачите на промени те на индивидуално, групно/тимско и организациско ниво;

·       Развијат менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените;

·       Ги  разберат основните разлики помеѓу еволутивните и револутивните пристапи на управување со организациските промени;

·       Ја осознаваат различната употреба на стратегиите и тактиките за управување со промените, според фазата на животниот циклус и односот со екстерното окружувањ е;

·       Ја совладаат употребата на информационите технологии и општествената одговорност во уп равувањето со промените;

·       Ја согледаат меѓусебната поврзаност и взаемна условеност на управувањето со промените и организацискиот развој

Содржина на предметната програма:

Дефинирање  и  карактер  на  управувањето со промени. Еволутивен развој на мислата за промените во организациите. Улогата на менаџерите во управувањето со промените.Индивидуални,групни/тимски и организациски промени. Поттикнувачи и спротивставувачи на промените во организациите. Основни управувачки пристапи кон промените. Процес на управување со промените. Стратегии и тактики на управување со промените. Информационите технологии во функција на управување со промените. Култура, политика и лидерство на промените во организациите. Општествената одговорност и промените. Корпоративно управување со промените. Промените и организацискиот развој.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.