Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на ризик |
Код | MGT 380 |
Наставник | Доц. д-р Александар Наумоски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овојпредмет,студентите треба да бидат способни: · идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен); · да дизајнираат процес на управување со ризици; · да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот со ризици; · да го разберат значењето кое менаџментот со ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери · да постават линкот помеѓу корпоративното управување и управувањето со ризицит е; · да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок прино с за нивото на превземениот ризик · извршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сцен арио анализа, стрес тест и тн.) · да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (каматни, валутни, кредитни итн.) · да аплицираат интегрирано управување со ризици. | |
Содржина на предметната програма: Предметот е насочен да ги опфати начините на кои се врши квантификација и управување со различните извори на ризик од страна на корпорациите. Фокусот е институциите од финансискиот сектор, а посебен осврт е даден на нефинансиските компании. Со тоа предметот го опфаќа широкиот пристап за управување со ризиците во претпријатието односно ―интегрираното управување со ризиците‖ – новиот менаџерски пристап во управувањето со ризиците. Помеѓу насловите кои се покриени со материјата посебна тежина им се дава на пазарниот, кредитниот и оперативниот ризик. Студентите ќе го совладаат техниките за мерење на различните видови ризици, за процена на изложеноста на ризик и избор на најсоодветен пристапза третман на ризикот. Тука посебно ќе биде даден фокус на примена на деривативните инструменти за справување со каматниот, валутниот, кредитниот ризик. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани