Наслов на наставниот предмет | Меѓународна економија |
Код | INT 210 |
Наставник | Проф. д-р Ирена Кикеркова |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба:
| |
Содржина на предметната програма: Меѓународна економија им припаѓа на фундаменталните економски дисциплини. Од неа потекнуваат повеќе економски науки кои третираат потесни научни области од полето на економијата. Овој предмет има за задача да им овозможи на студентите да го состават мозаикот на сликата на современиот свет и карактеристиките на економските односи што владеат во него. За таа цел материјата што ја покрива овој предмет е поделена во неколку основни поглавја и тоа: основните теории на меѓународната трговија, кои треба да помогнат во разбирањето на начинот на кој секоја национална економија го наоѓа своето место во меѓународната поделба на трудот; видовите трговски политики и нивните инструменти, аргументите за и против нивното воведување и значењето и улогата на меѓународната трговска регулатива; карактеристиките на современите економски текови во меѓународната економија; карактеристиките на современиот меѓународен монетарен систем; пазарот на капитал; билансот на плаќањата и предизвиците наметнати од процесот на глобализација. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани