Микроекономија

Наслов на наставниот предмет

Микроекономија

Код

ECN 220

Наставник

Доц. д-р Даниела Мамучевска

Цели на предметната програма (компетенции):

·       По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·       Да владеат со неопходната микроекономска терминологија;

·       Да ги користат теоријата за понудата и побарувачката со цел да ги анализираат и објаснат ефектите кои ги предизвикуваат промените во понудата и побарувачката врз цените и понудените количини на стоки и услуги;

·       Да го разберат однесувањето на потрошувачите и нивниот оптимум во извесни услови и во услови на ризик;

·       Да го разберат однесувањето на фирмите во совршено конкурентни услови на краток и на долг рок; Да го анализираат однесувањето на фирмите во услови на монопол или олигопол и да ги утврдат промените во потрошувачкиот и производителскиот вишок;

·       Да ги разберат домените на пазарниот неуспех и потребата од активни политики за решавање на негативните последици од пазарната несовршеност; Да направат дијагностицирање на реалните пазарни случувања и тенденциите на тие случувања;

·       Да ги анализираат ефектите од превземените мерки на економската политика.

Содржина на предметната програма

Наставата од овој предмет е замислена како логично продолжување намикроекономските знаења, стекнати од предметот Основи на економијата, а прекузбогатување на веќе совладаниот категоријален пристап со аналитичките ивременските аспекти на микроекономската проблематика. Со оглед на ваквата замисла предметот се експонира како Микроекономија – второ ниво. Во него се проучуваат: оптимумот т.е. оденувањето на потрошувачите и производителите во извесни и неизвесни состојби со примена на маргиналната анализа; утврдување на парцијалната рамнотежа и формирањето на цените на потрошните стоки и услуги; формирање на цените на факотрите за производство; однесувањето на фирмите во различни пазарни структури и теоријата на општа рамнотежа. Понатаму, Во предметот исто така се посветува внимание и на проучување на пазарните дефекти и начините за нинвно намалување т.е. елиминирање, како и на државната интервенција во доменот на релативните цени (микрополитиката на цени).

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.