Наслов на наставниот предмет | Монетарна економија |
Код | FIN 220 |
Наставник | проф.д-р Горан Петревски |
Цели на предметната програма (компетенции): По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења: · Совладување на основните поими од монетарната економија, · Запознавање со современите теоретски достигнувања од монетарната теорија, · Разбирање на практичните аспекти на водењето на монетарната политика, · Запознавање со најновата монетарна историја на Македонија (периодот по монетарнот о осамостојување). · Развој на способности за креативно и аналитичко размислување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на монетарната политик а. | |
Содржина на предметната програма: Предметот Монетарна економија има за цел да ги запознае студентите со основните и најважните поими и категории од монетарната теорија и монетарната политика. Конкретно, преку изучувањето на овој предмет, студентите ќе се здобијат со продлабочени знаења за потеклото и настанувањето на парите, функциите на парите, вредноста на парите, монетарните стандарди, монетарните агрегати, и најважните современи монетарни теории. Исто така, голем дел од наставната програма по овој предмет е посветена на изучување на теоретските и практичните проблеми поврзани со монетарната политика како: цели и инструментите на монетарната политика, факторите на креирањето и повлекувањето на парите, анализата на побарувачката на парите итн. Во тие рамки, посебно внимание се посветува на стабилизационата политика во Македонија во периодот по монетарното осамостојување. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани